Инес де Рамон и Бред Пит / Фото: Profimedia

ФОТО | Бред Пит и 29 години помладата партнерка уживаа на Ролан Гарос, сите погледи беа кон нив

Холивудскиот актер Бред Пит (62) и неговата партнерка Инес де Рамон (33) беа меѓу познатите личности кои во саботата присуствуваа на финалето на женскиот турнир Ролан Гарос во Париз.

Актерот и дизајнерката на накит внимателно го следеа мечот од трибините на теренот „Филип Шатрие“, каде што владееше голема тензија и неизвесност.

Инес де Рамон и Бред Пит / Фото: Profimedia

Пит, кој важи за голем љубител на тенисот, уште од самиот почеток на натпреварот изгледаше целосно внесен во случувањата на теренот. Тој се појави со својата препознатлива брада и големи очила за сонце, додека Инес пленеше со елегантен изглед во крем фустан и зелена кожна јакна.

Двојката не се одвојуваше еден од друг во текот на натпреварот, а фотографите забележаа бројни моменти во кои заедно ги следеа највозбудливите поени.

Во врска се од 2022 година

Бред Пит и Инес де Рамон се заедно од 2022 година, а нивната врска постепено стана една од најследените во светот на шоу-бизнисот.

Нивното појавување во Париз доаѓа само неколку дена откако актерот присуствуваше на легендарната трка „Ајл оф Мен ТТ“, која е инспирација за неговиот нов филм што моментално се снима.

Среќа во љубовта, но и семејни предизвици

Иако на љубовен план работите изгледаат стабилно, медиумите со години пишуваат за нарушениот однос меѓу Пит и децата што ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Најголемо внимание привлече нивната ќерка Шајло, која во 2024 година и официјално го отстрани презимето Пит од своето име.

Пред неа, и Захара јавно се претставуваше само со презимето Џоли, додека Вивиен во театарски проекти исто така го користеше презимето на мајка си.

Според најновите медиумски извештаи, и најстариот син Медокс наводно го отстранил презимето Пит од своето име.

Нов удар за Бред Пит, и најстариот син Медокс официјално се откажа од неговото презиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот