Насловна страница на „Културен печат“ број 334

Излезе „Културен печат“ број 334 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 334, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (6-7.6.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Ана Стојаноска, уметничкиот директор и селектор на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: Важно е да сме храбри

– разговор со стрип-авторот Бобан Пешов, главен гостин на фестивалот „Стрип Трип“ во Скопје: Стрипот е мојот омилен медиум

– централен музички настан на почетокот на јуни во Скопје веќе 25 години е ОФФест, кој годинава се одржува од 3 до 6 јуни

– „Арс Ламина“ свечено му ја врачи наградата „Оливера Николова“ за 2026 година на Ванчо Полазаревски

– современ визуелен дијалог со духовното и културното наследство на Св. Кирил и Методиј е претставен со изложба во Братислава

– проектот „Последните селани“ на „Арт поинт – Гумно“ е претставен во Македонскиот културно-информативен центар во Софија

– ново издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Македонски народен театар, во организација на Детски културен центар „Карпош“

– разузнавачко истражување на затскриената вистина за настаните во светот е објавено во двотомната книга „Исламски пајак во европска мрежа“ од проф. Иван Бабановски и Мартин Димковски Бабагинин

– во Драмскиот театар во Скопје на 10 јуни ќе биде одржана промоција на книгата „Да живее Долна Дупка“ на легендата на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски

– нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска

– неодамна во издание на „Перун Артис“ излезе горчливата комедија на познатиот португалски драматичар и режисер Родриго Франсишко со наслов „Голгота“

– во „Дајмонд мол“ на 6 јуни во текот на целиот ден се одржува Интернационалниот саем на музика, винил и аудио опрема

– култното скопско кафуле „Ван Гог“ со целодневен настан на 6 јуни оваа година одбележува голем јубилеј – 40 години постоење и континуирана работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот