Специјална награда доби уметникот Златко Крстевски на меѓународна изложба во Кина
На меѓународна изложба на современа уметничка карикатура и стрип во Лонџи Џику, во галеријата „Форест Кубе“ во Пекинг, од 1 јануари до 30 јуни 2026 година беа изложени 200 дела на уметници од 20 земји и региони од четири континенти.
Препорачано
На конкурсот за изложбата беа примени 936 учесници од Кина, Франција, Полска, Италија, Германија, Русија, Бразил, Индија, Македонија. Од Македонија беше селектиран стрип-авторот и карикатурист Златко Крстевски. Куратори на изложбената поставка беа Јанг Жонгви и Су Киао.
Изложените дела прикажуваа разновидни стилови и различни теми, а креаторите црпат инспирација од природните пејзажи на Сикоу, културното наследство, локалните специјалитети и визиите за идниот рурален свет. Преку хумористични допири и богат уметнички израз, тие претставуваат повеќедимензионална, жива и динамична слика за Сикоу.
Изложбата беше организирана од УНЕСКО и Алијансата за заштита на културното наследство и конзервација Пекинг, Пекинг општинско биро за културно наследство и Пекинг комик асоцијација (стрип и карикатура).
– Изложбата заврши деновиве и јас добив специјална награда, како и каталог со селектирани уметници, меѓу кои е публикувано и моето селектирано дело – изјавува стрип-авторот Крстевски.


