Плакат за концертот на „Скопско лето“

Вокално-пијанистички рецитал на италијански музичарки ќе се одржи на „Скопско лето“

Камерен концерт со наслов „Вокално пијанистички рецитал“ на Мирела Ди Вита – сопран и Сена Фини – пијано (Италија) на 19 јули (недела), со почеток во 20:30 часот ќе се одржи во „Салон 19:19“ при Културно-информативниот центар во Скопје.

Настанот претставува елегантно музичко патување низ европската лирска традиција, во кое гласот и клавирот се спојуваат во суптилен и изразен дијалог.

Програмата ги обединува романтичните минијатури на Шуман и поетиката на Григ со префинетата италијанска кантилена и шпанската експресивност. Преку дела од Белини, Верди, Гранадос, Тости и Пучини, концертот открива богата палета на чувства и стилски нијанси. Музичката вечер ќе биде исполнета со рафинирана интерпретација и безвременска лирска убавина.

Настанот е во соработка со фестивалот „Модоарс“, известија од фестивалот „Скопско лето“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот