Меси/EPA/WILL OLIVER

ФОТО | Немаше победник по 90 минути, Аргентина и Шпанија ќе играат продолженија во Њу Џерси

Регуларните 90 минути во Њу Џерси не го дадоа победникот, па Шпанија и Аргентина ќе играат продолженија.

Ниту, Шпанија, ниту Аргентина не ризикуваа, повеќе се мислеше на својот гол отколку да се нападне. Со таква игра не видовме ниту една посериозна прилика. Шпанија упати два удари во рамките од голот, меѓутоа тоа не беа удари кои му создаваа проблеми на Мартинез.

Пред крајот на полувремето и Кукуреља упати удар кој заврши покрај голот.

Сликата на теренот не се промени многу ниту во второто полувреме, Аргентина продолжи трпеливо да чека грешка на Шпанците, додека „Фуријата“ имаше инцијатива и најчесто се обидуваше со удари надвор од шеснесесетникот.

Така не видовме погодоци, па сега победникот ќе се решава во продолженијата или пеналите. Шпанија таму ќе има и дополнителна предност затоа што Енцо Фернандез во последните моменти заработи втор жолт картон.

Фото: EPA/RONALD WITTEK
Фото: EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF
Фото: EPA/WILL OLIVER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот