Динамо Загреб и Црвена звезда ги добија потенцијалните ривали во третото квалификациско коло за ЛШ
Фудбалерите на Црвена звезда доколку го елиминираат Ларн од Северна Ирска во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, во следното коло ќе играат против победникот од двомечот меѓу исландскиот Викингур и израелскиот Хапоел Бер Шева.
Препорачано
Натпреварите на Црвена звезда против Ларн од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите се закажани за 21 јули (Северна Ирска) и 29 јули (Србија), додека третото коло од квалификациите е закажано за 4 и 5 август, односно 11 август 2026 година.
Динамо Загреб исто така го дозна противникот во третото квалификациско коло за ЛШ доколку претходно го елиминира швајцарскиот Тун.
Хрватскиот првак во третото коло би играл против победникот од дуелите меѓу КЛ Клаксвик од Фарски Острови и Жалгирис од Литванија.
Лига на шампиони 2026/2027
Трето квалификациско коло, двојки
Тун/Динамо Загреб – Клаксвик/Жалгирис
Левски Софија/Крајова – Омонија/Каират Алмати
Арарат Ерменија/Шамрок Роверс – Егнатиа/Целје
Мјлаби/Ред Импс – Ибериа Тбилиси/Братислава
Архус/Лех Познањ – Сабах/Купс
Викингур/Бер Шева – Ларн/Црвена звезда
Олимпијакос – НЕЦ Нијмеген
Фенербахче/Горник Забже – Штурм Грац/Хартс
Унион Ст. Жилоа – Бодо Глимт
Спарта Прага – Олимпик Лион


