Фото: facebook.com/arsovski.zarko

Голем успех за македонското карате: штипјанецот Марко Џорлев е светски број еден во кадетска конкуренција

Македонскиот каратист Марко Џорлев од КК Штип се искачи на врвот на светската ранг-листа на Светската карате федерација (ВКФ) во кадетска конкуренција до 63 килограми.

Џорлев е лидер во својата категорија со 1.320 поени, пред Хрватот Филип Комарац кој има 1.240, и Шимон Бунди од Полска со 840 поени.

Овој успех доаѓа по одличниот настап на Карате 1 Младинската лига во Пореч, Хрватска, каде што младиот македонски каратист го освои златниот медал. Во финалето Џорлев го совлада Украинецот Иван Маценко со 4-3, а до златото стигна со шест победи.

На патот до шампионскиот трофеј ги совлада противниците од Португалија, Германија, Словачка, Србија и Италија, покажувајќи дека е меѓу најдобрите каратисти во својата генерација.

Златниот медал од Пореч има историска вредност, бидејќи е прво злато за македонски каратист во Карате 1 Младинската лига. Џорлев претходно освои и бронзен медал на истиот турнир, а годинава беше петтопласиран на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар.

На Младинската лига во Пореч настапија 2.720 каратисти со 2.765 натпреварувачки влезови од 69 земји, што дополнително ја нагласува големината на успехот на македонскиот каратист.

Злато за македонскиот каратист Марко Џорлев на Светската младинска лига во Пореч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот