Инфантино/ EPA/STRINGER

ФИФА пред почетокот на Мундијалот донесе правило кое нема да им се допадне на клубовите

ФИФА пред почетокот на актуелното Светско првенство воведе неколку измени во правилата, а едно од нив дури сега, во завршницата на турнирот, почнува да привлекува поголемо внимание. Станува збор за одлуката според која секој фудбалер што настапил на Мундијалот има загарантиран тринеделен одмор по завршувањето на обврските со својата репрезентација.

Во пракса, тоа значи дека клубовите нема да можат веднаш да ги стават на располагање своите репрезентативци, бидејќи тие ќе мора задолжително да ја искористат паузата пред да им се приклучат на подготовките.

Ова правило би можело да создаде дополнителни главоболки за екипите чии фудбалери играа во завршницата на Светското првенство. Голем број од нив ќе го пропуштат почетокот на летните подготовки, што може да влијае врз нивната физичка подготвеност и адаптацијата пред стартот на новата сезона.

Шпанија вечерва има можност и да постави рекорд во светскиот фудбал

ФИФА ќе ги укине паузите за хидратација?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот