Никола Василев/КФМ

Победа на младите на кошаркари на Македонија за својот селектор, остана со нив иако го загуби својот татко

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години со победата од 91:81 против Босна и Херцеговина го заврши настапот на Европското првенство во Б-дивизијата на деветтото место, но овој триумф имаше и силна емотивна тежина.

Оваа победа беше посветена селекторот Никола Велев, кој и покрај големата лична трагедија,  смртта на својот татко остана со репрезентацијата и ја предводеше екипата до крајот на шампионатот.

„Првенството го завршуваме со позитивен скор од пет победи и два порази. Со денешната победа над Босна и Херцеговина го освоивме деветтото место, но искрено верувам дека тоа не е вистинската слика за оваа репрезентација. Во текот на целиот шампионат покажавме карактер, заедништво и квалитет, а со нашата игра докажавме дека заслужувавме многу повеќе.

Во име на целата екипа, сакам да кажам дека сите наши победи му ги посветуваме на нашиот селектор Никола Велев и на неговото семејство. Во овие најтешки моменти, енергијата, вербата и силата што тој секојдневно ни ги пренесуваше нам, денес му ги враќаме нему. Целиот тим е со него и со неговото семејство, со искрено сочувство и поддршка. Френки, оваа победа е за тебе “, порачаа од федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот