Златан Ибрахимовиќ/EPA-EFE/MASSIMO PICA

Ибрахимовиќ го откри својот фаворит за вечерашното финале на Мундијалот

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ, кој Светското фудбалско првенство го следи како стручен коментатор на „Фокс“, пред вечерашното финале меѓу Шпанија и Аргентина порача дека очекува триумф на „црвената фурија“ против актуелниот светски шампион.

Поранешниот шведски репрезентативец се потсети на одличното издание на Шпанија во полуфиналето против Франција и верува дека истиот пристап ќе биде клучен и против Аргентина.

„Верувам дека Шпанија може да ја запре и оваа Аргентина. Ќе играат свој фудбал, ќе ја контролираат топката, а Аргентина не е репрезентација која се потпира на контранапади“, изјави Ибрахимовиќ, додавајќи дека очекува целосна доминација на Шпанците во текот на целиот натпревар.

Ибрахимовиќ за време на групната фаза беше убеден дека никој не може да ѝ се спротивстави на Франција, фалејќи ја нивната игра како „нешто сосема поинакво“ и тврдејќи дека не гледа репрезентација која може да ги победи кога играат на највисоко ниво.

Сепак, Франција беше елиминирана во полуфиналето токму од Шпанија, а исто така загуби и во вчерашниот натпревар за третото место против Англија, дуел за кој беше очигледно дека им недостасува мотивација, посебно во првото полувреме.

Сѐ е подготвено за спектаклот на годината: Аргентина и Шпанија вечерва играат за светска титула

Пирс Морган брутален кон Аргентинците: Се надевам дека Шпанија ќе ги прегази, како ние во војната

Белата куќа ги брани Аргентинците: Фудбалерите тука можат да си ги кажат своите ставови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот