Белата куќа ги брани Аргентинците: Фудбалерите тука можат да си ги кажат своите ставови
Голема бура од реакции во Англија предизвика прославата на аргентинските фудбалери по победата над Англија со 2:1 во полуфиналето на Светското првенство.
Препорачано
По последниот судиски свиреж, аргентинските репрезентативци развија транспарент со натпис „Малвините се аргентински“, што предизвика остри реакции од англиската јавност.
Од англиска страна повеќепати беше изразено незадоволство поради истакнувањето на транспарентот, а ФИФА по натпреварот отвори истрага, бидејќи политичките пораки на стадионите се забранети според нејзините правила.
Сепак, од Белата куќа порачаа дека на целиот случај гледаат поинаку.
Шефот на Работната група на Белата куќа за Светското првенство, Ендру Џулијани, во петокот изјави дека фудбалерите во САД имаат право да ги изразуваат своите ставови.
„Ние веруваме во Првиот амандман овде, во Соединетите Американски Држави“, изјави Џулијани.
Првиот амандман на Уставот на САД ја гарантира слободата на говорот и изразувањето, поради што Џулијани смета дека истакнувањето политичка порака претставува остварување на тоа уставно право.
Да потсетиме, Малвините, познати и како Фолкландски Острови, се архипелаг во јужниот дел на Атлантскиот Океан, кој со децении е предмет на остар територијален спор меѓу Велика Британија и Аргентина.
🇦🇷🏴 El jugador argentino Lo Celso saca una pancarta que pone “Las Malvinas son argentinas” en la celebración de la victoria de la selección argentina contra Inglaterra pese a la prohibición de la FIFA de meter pancartas políticas. pic.twitter.com/PtIeA71VGu
— 🇪🇦PATRIAM TV🇪🇦 (@patriam_tv) July 15, 2026
ВИДЕО | Бронзата за Англичаните, хет-трик на Букајо Сака против Франција


