Фејсбук/Инстаграм/ Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Падна „Фејсбук“

Корисници на „Фејсбук“ од целиот свет во моментов немаат пристат до социјалната мрежа, а според информациите, на милиони профили им се прикажува порака дека акаунтот е „привремено недостапен“.

Според веб-страницата „Даундетектор“, системот за следење на прекини во живо, проблемите првпат започнале околу 3.25 часот наутро по источно време, при што илјадници корисници пријавиле проблеми во Соединетите Држави.

Некои корисници, исто така, пријавиле проблеми со пристапот до „Инстаграм“, кој исто така е во сопственост на компанијата „Мета“.

Пораката која ја добиваат корисниците на „Фејсбук“ гласи:

„Вашиот акаунт моментално е недостапен поради проблем со страницата. Очекуваме ова да се реши наскоро. Обидете се повторно за неколку минути.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот