Фото: Орце Ѓорѓиевски, / Фејсбук

ДУИ: И по корекцијата на билбордот, албанскиот јазик и натаму недостасува

По реакциите во јавноста, Град Скопје ги коригираше сликите на влезните билборди. Сепак, и по корекцијата, албанскиот јазик и натаму недостасува, реагира партијата ДУИ.

Според ДУИ „ова покажува дека станува збор за свесна одлука да се игнорираат албанскиот јазик и мултиетничкиот карактер на Скопје“.

„Во двојазичен град, исклучувањето на албанскиот јазик од официјалните натписи претставува тешка политичка и институционална провокација и прекршување на законот. ДУИ бара итна корекција на билбордите и поставување на албанскиот јазик, во согласност со законот и со реалноста на Скопје“, се вели во реакцијата.

Доколку законот не биде спроведен, велат оттаму, ќе ги преземат сите правни, институционални и демократски мерки „за заштита на албанскиот јазик и достоинството на Албанците“.

„Политичката одговорност за овој континуиран модел на игнорирање на Албанците паѓа врз ВЛЕН, кои со својата вазалност создадоа уверување дека интересите и правата на Албанците можат да се прекршуваат без никакви последици“, реагираа од ДУИ.

Билбордот направен со помош на вештачка интелигенција, кој го вклучуваше и Букефал со пет нозе, беше сменет по големите критики во јавноста, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски го опиша како „печатена грешка“ и воедно ја нападна опозицијата.

ВИДЕО и ФОТО | Билбордот со Букефал со пет нозе е сменет по критиките, Ѓорѓиевски вели дека тоа била „печатена грешка“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот