Граница Србија и Хрватска/ Фото EPA/DAVOR ERCEG SERBIA OUT

Хрватска ги олеснува граничните контроли — ако има колони, системот ЕЕС ќе се исклучува

Хрватска ќе ги олеснува граничните процедури за патниците кои доаѓаат од земјите надвор од ЕУ во текот на летната сезона. Доколку времето на чекање надмине 45 минути, полицијата ќе има право делумно да ги суспендира строгите биометриски проверки. Ваквиот потег доаѓа како одговор на огромните колони и притисокот врз граничните премини, пренесуваат хрватските медиуми.

Европскиот систем за проверка на патниците може да се исклучи и кога на границата има премногу гужва. Тогаш не треба да се зема биометрија од патникот, а пасошката контрола е задолжителна.

Нови перипетии на границите — Брисел ќе го менува новиот систем ЕЕС, призна дека има проблеми

„Во итни ситуации кога очекуваме времето на чекање да биде повеќе од 45 минути, имаме право делумно да го суспендираме ЕЕС, што значи креирање на досие, но лицето не треба да зема биометрија, што значи препознавање на лице и отпечатоци од прсти“, објасни Јошо Вујиќ, началник на Граничната служба на ПУ СД.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ ја потврди оваа можност, наведувајќи дека повремено го користат.

„Постојат одредени можности за краткорочна привремена флексибилизација и ние ја користиме доколку се појави потреба. Сепак, ова е систем кој е првенствено наменет за безбедноста на граѓаните на ЕУ и како таков ќе биде дополнително подобрен“, вели надлежниот министер во Хрватска, Давор Божиновиќ.

Тој исто така истакнува дека сегашното функционирање на системот ЕЕС спречило 5.000 луѓе да влезат во Европската Унија.

ЕЕС не успеа да разликува идентични близнаци – проблеми со новиот граничен систем на Европската Унија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот