Американски авион за дополнување гориво „Стратотанкер“ / Фото: EPA/ABIR SULTAN

Вашингтон побарал од Софија авиони танкери да се стационираат во бугарската воена база „Безмер“

Бугарската влада ќе побара од парламентот одобрение да се сместат 8 американски авиони танкери во воената база „Безмер“, најави денеска премиерот Румен Радев, откако претходно нивното стационирање на цивилен аеродром предизвика контроверзии во земјата, објави БГНЕС.

„Вашингтон на 17 јули побара авионите кои служат за поддршка на американските воени операции на Блискиот Исток, да се стационираат во воениот објект Безмер“, рече Радев на годишната конференција на бугарските амбасадори во Софија.

Радев нагласи дека одлука на претходната влада авионите да се стационираат на цивилниот аеродром во главниот град Софија, била донесена без претходно парламентарно одобрение.

По реакциите во јавноста, овие авиони, кои главно се користат за полнење гориво на други авиони во воздух, минатиот месец ја напуштија таа локација.

„Проблемот беше што воените авиони беа стационирани на цивилен аеродром во непосредна близина на Софија. Затоа им предложивме на нашите сојузници да користат воени аеродроми“, рече Радев.

Воената база „Безбер“ се наоѓа околу 260 километри југоисточно од Софија.

„Нема сфери на влијание“: Бугарија останува цврсто во ЕУ и во НАТО, тврди шефицата на дипломатијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот