Александар Вучиќ / Фото: Фејсбук / скриншот

Вучиќ оди по стапките на Хрватска, ќе им нуди субвенции на иселениците за да се враќаат во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави поддршка за државјаните на Србија кои сакаат да се вратат од странство и повторно да живеат и работат во земјата, пренесе Н1.рс.

Тој нагласи дека државата ќе подготви програма за субвенции и поддршка за граѓаните кои живеат во странство, а сакаат да се вратат во Србија.

Вучиќ вели дека најчесто се враќаат пензионери, но дека има и помлади семејства кои размислуваат за враќање. Според него, целта е да се поттикне преселување назад во земјата и да се помогне на оние кои сакаат повторно да го изградат животот во Србија.

Инаку, хрватската влада веќе неколку години спроведува мерки за враќање на иселениците и нивно вклучување на домашниот пазар на труд. Преку програмата „Ја избирам Хрватска“, повратниците што ќе започнат сопствен бизнис можат да добијат еднократна помош од 7.000 евра, покрај другите субвенции за самовработување. Одделно, за повратниците што најмалку две години живееле во странство е предвидено и петгодишно ослободување од данок на доход од плата. Со овие мерки, Загреб се обидува да го ублажи недостигот од работници и штетата од долгогодишното иселување на населението.

Владата ќе ги враќа младите иселеници со бонус од 10 отсто на грантовите за самовработување

Хрватска живее од парите што и ги испраќаат иселениците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот