Фото: Слободен печат

Владата ќе ги враќа младите иселеници со бонус од 10 отсто на грантовите за самовработување

Грантовите за самовработување годинава ќе бидат достапни и за младите иселеници кои сакаат да се вратат во Македонија и да започнат сопствен бизнис, а за нив е предвиден и бонус од десет проценти над основниот износ на грантот, беше соопштено при промоцијата на владините мерки денес во Кичево.

За време на презентацијата, еден граѓанин кој планира да се врати од Германија побара појаснување дали може да аплицира, бидејќи веќе има регистрирана компанија, но таа сè уште не започнала со работа. Од надлежните му било објаснето дека има право да аплицира како физичко лице во рамките на програмата за поддршка на вработувањето.

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески информираше дека мерката е поделена во три категории. Заинтересираните кои имаат до 29 години можат да добијат грант до 10.000 евра, оние над 29 години до 7.000 евра, а двајца млади кои заеднички ќе основаат бизнис можат да добијат вкупно до 20.000 евра.

Од Агенцијата за вработување посочија дека право на користење на средствата немаат земјоделците, како и луѓето кои планираат дејности поврзани со оружје, финансиски услуги, обложувалници, казина и приватни агенции за вработување.

Основен услов за аплицирање е кандидатот да биде невработен и евидентиран како активен барател на работа во Агенцијата за вработување.

Пакистанци и Бангладешани ќе ни готват и ќе ни градат куќи — бизнисот бара спас во увоз на работници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот