Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV

Турција уапси стендап-комичар по вирален настап — кажувал шеги за религијата

Турските власти денеска го приведоа стендап-комичарот Дениз Ѓокташ, откако неговиот настап стана вирален, но предизвика пријави поради наводно навредување на исламските верски вредности, објави АП.

Како што пренесува државната новинска агенција Анадолу, Ѓокташ бил приведен на главниот аеродром во Истанбул по враќањето од патување во странство. Тоа се случило неколку дена откако државното обвинителство отворило истрага поради сомнение дека „јавно ги навредувал верските вредности“.

Снимката од неговиот настап, одржан минатиот месец во Истанбул, е објавена на „Јутјуб“ и во Турција била прегледана неколку милиони пати. Провладиниот весник „Сабах“ објави дека десетици гледачи биле навредени од шегите за верата и поднеле пријави против комичарот, што ја поттикнало истрагата.

„Сабах“ и други турски медиуми објавија фотографија на која се гледа како 32-годишниот комичар низ аеродромот го придружува полициски службеник.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во текот на повеќе од две децении на власт ја зацврсти својата политичка моќ. Критичарите тврдат дека постепено го стеснил просторот за слобода на изразување и дека против политичките противници, меѓу кои и политичари и новинари, редовно се покренуваат кривични постапки.

Во последните месеци ограничувањата се проширија и на областа на популарната култура, а Ѓокташ е последната позната личност што се соочи со истрага, приведување или кривично гонење поради изјави што властите ги оцениле како навредливи.

На вработени во сатиричниот магазин „Леман“ во моментов им се суди по обвиненија за поттикнување омраза, откако минатата година бил објавен цртеж на кој биле прикажани пророкот Мухамед и Мојсеј.

Уште една стенд-ап комичарка, Туба Улу, накратко беше приведена претходно годинава поради наводно навредување историска личност што турските власти ја сметаат за особено важна, откако во својот настап се пошегувала на сметка на османлискиот султан Сулејман.

ФОТО | Четири турски заводници кои имаат балканско потекло, едниот актер влече корени од Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот