фото: EPA-EFE

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Крвав напад во срцето на Дамаск, бомба разнесе кафуле

Според информациите на државната телевизија, експлозивна направа била поставена во кафулето, кое се наоѓа во близина на Палатата на правдата. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Најмалку девет луѓе загинаа, а преку 20 се повредени во силна експлозија што се случи во кафуле во центарот на Дамаск, Сирија, јавија сириските државни медиуми, а пренесе Ројтерс.

Според последните информации, нападот го извеле тројца напаѓачи-самоубијци, кои носеле појаси со експлозив. Тие влегле во кафулето, кое се наоѓа во близина на Палатата на правдата во сирискиот главен град, а едниот од нив успеал да ја детонира бомбата, убивајќи еден од соучесниците. Третиот напаѓач, како што јавуваат локалните медиуми, се обидел да избега, но бил фатен од полицијата.

На социјалните мрежи се објавени вознемирувачки снимки од разнесениот кафе-бар кусо по експлозијата:

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, кој е еден од ретките такви инциденти во сириската престолнина по долгата граѓанска војна и соборувањето на поранешниот претседател Башар ел Асад кон крајот на 2024 година.

Во мај годинава, еден сириски војник загина, а најмалку 18 луѓе беа повредени во експлозија на автомобил-бомба пред Министерството за одбрана во Дамаск.

Постигнат е договор меѓу Курдите и властите во Дамаск

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот