Вулканот Етна/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Вулканот Етна повторно се разбуди — најголеми облаци од пепел над Сицилија во последните години

Вулканот Етна на Сицилија повторно се активираше и исфрли лава, но и најголемите облаци од пепел што италијанскиот остров ги видел во последните години, пренесува Евроњуз.

Според локалните медиуми, вулканската активност на Етна продолжува по пукнатината што се отворила на 26 јуни во кратерот Вораџине, кој се наоѓа на врвот на вулканот на надморска височина од околу 3.000 метри.

Од пукнатината во кратерот се исфрлаат различни количини пепел и тече лава. Текот на лавата што излегува од кратерот може да се забележи и од источните падини на Етна.

Катаниската единица на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), поради најновата вулканска активност во кратерот Вораџине, издаде портокалов предупредувачки код за авионите што минуваат над овој регион, а соопштено е дека летовите на аеродромот „Фонтанароса“ во Катанија, во близина на Етна, не се погодени од исфрлањето пепел и лава од вулканот.

Вулканот Етна има статус на највисок активен вулкан во континентална Европа, со висина од околу 3.300 метри.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот