Фото: EPA-EFE/HUGH KINSELLA CUNNINGHAM

Разгневена толпа запали болнички центар за ебола во Источно Конго, загина полицаец

Лути демонстранти запалија центар за третман на заболени од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, при што загина еден полицаец, а други двајца беа повредени, пренесува ДПА.

Неколку пациенти со ебола, заедно со луѓе кои покажуваат симптоми на смртоносниот вирус, избегаа од центар за третман во селото Бафвабанго, во покраината Итури, изјави за ДПА Џозеф Пемамакуве, главен здравствен службеник на локалниот здравствен округ.

Група лути млади лица се обиде да спречи безбедно погребување на лице за кое се сомневаше дека е заразено со ебола, и покрај тоа што семејството веќе дало согласност, коментираше Пемамакуве.

„Сè е изгорено. Операциите сè уште не се продолжени бидејќи персоналот сè уште се плаши за својата безбедност“, рече Пемамакуве.

Вирусот ебола продолжува да се шири низ Источно Конго, бидејќи недовербата меѓу локалните заедници ги попречува напорите за спречување на епидемијата. Здравствените работници се напаѓани поради стравот, гласини и суеверија поврзани со болеста.

Традиционалните погребни церемонии, кои вклучуваат близок контакт со починатите, остануваат главен извор на пренесување на болеста.

Од април, најмалку 399 лица починаа во оваа епидемија, покажуваат најновите официјални податоци. Властите потврдија 1.333 случаи на заразување преку лабораториско тестирање.

Светската здравствена организација (СЗО) верува дека вистинскиот број на заразени лица е веројатно многу поголем бидејќи епидемијата не беше откриена неколку недели.

И во соседна Уганда има 20 потврдени случаи.

Еболата е исклучително смртоносна болест која се пренесува преку директен контакт со заразени лица и нивните телесни течности.

Еболата сее паника во Конго, заразени се над 1.300 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот