Фото: Nogometni Savez BiH

ВИДЕО | САД преку БиХ до осминафинале со Белгија

Босна и Херцеговина го заврши настапот на Светското првенство oткако не успеа да му се спротивстави на домаќинот САД, кој славеше со 2-0 на натпреварот одигран во Сан Франциско.

Средбата не изобилуваше со големи возбудувања и сериозни можности пред двата гола, а американската репрезентација во најголем дел од дуелот ја имаше иницијативата и ја контролираше играта.

Домаќините до предност стигнаа непосредно пред паузата, кога Балогун ја затресе мрежата и обезбеди водство од 1:0 по првите 45 минути.

Во второто полувреме истиот фудбалер повторно беше во центарот на вниманието, но овојпат поради директен црвен картон во 64. минута по груб старт. И покрај бројчаната предност до крајот на мечот, селекцијата на Босна и Херцеговина не успеа да создаде доволно опасност за да стигне до израмнување.

Конечните 2-0 ги постави Тилиман со прецизен удар од слободен удар во 82. минута, со што САД го потврдија пласманот во осминафиналето. За пет дена Американците ќе се соочат со Белгија во борбата за место меѓу најдобрите осум селекции, а натпреварот е закажан да започне во два часот по полноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот