ВИДЕО | Приказна што го распарчува срцето: Оваа срна пронајдена во Кичевско, утре ќе биде евтаназирана
Срна стара 2 месеци утре ќе биде евтаназирана бидејќи нема спас за нејзината здравствена состојба, тврдат за „Слободен печат“ од Здружението за заштита на животни „Анимал рескју проџект“.
Препорачано
Минатиот четврток, двајца работници на ЕВН кои биле во кичевскиот регион, ја нашле срната во житно поле, како се мачи со две нозе кои што ѝ биле речиси исечени, а третата ѝ била повредена, бидејќи претходно се фатила во стапица поставена за диви свињи. Потоа некој ја извадил од стапицата и ја оставил да страда во тешка состојба. Во нозете имала црви и плачела.

Хуманите работници ја однеле срната на ветеринар во Кичево каде ѝ била дадена антибиотска терапија и препорачано било да се однесе во Скопје. Срната е предадена на Здружението за заштита на животни „Анимал рескју проџект“ но и по сите спроведени анализи, консултации со странски експерти, одлучено е дека срната утре ќе биде евтаназирана бидејќи кога би ѝ се извела операција, таа би морала да остане само со една нога што според здружението и експертите што ги консултирале, би било повторно фатално за неа како преживар. Македонија уште нема изградено центар за грижа за диви животни што доведува до бројни импровизации и недоумици, неусогласености и прогласување на сите институции за ненадлежни.




