ФОТО | Ноќ која ќе се прераскажува со генерации – вака утрово изгледаше Мексико
Последен пат Мексиканците победиле во нокаут фаза на Светските првенства во 1986 година, исто така на домашен терен, па затоа не е чудно што мексиканските медиуми по натпреварот пишуваа за историската вечер на „Ацтека“.
Препорачано
Главниот збор што се провлекува низ медиуми и социјалните мрежи во Мексико е „проклетство“. Мексико со децении живееше со приказната за „петтиот натпревар“, односно мундијалското четвртфинале, кое за репрезентацијата стана речиси национална опсесија. По победата над Еквадор, тој сон повторно е жив.

Натпреварот на „Ацтека“ ги имаше сите елементи на една голема мексиканска вечер. Започна со задоцнување поради силна бура, но атмосферата потоа беше „жешка“. Повеќе од 80.000 навивачи ја бодреа репрезентацијата на Мексико, а по последниот свиреж на судијата, низ стадионот одекнуваше песната „El Rey“.

Странските медиуми истакнуваат и дека Мексико можеби ја одигра најзрелата утакмица на турнирот. Поведоа во првото полувреме со головите на Кинјонес и Хименез, а во второто полувреме демонстрираа контрола и дисциплина.
Посебно внимание привлече и 17-годишниот Гилберто Мора, кој одигра исклучително зрел натпревар и ја крена „Ацтека“ на нозе. Мексиканските медиуми веќе го претставуваат како симбол на новата генерација која повеќе не сака да живее во сенката на старите неуспеси.

Мексико сега ја чека осминафиналето против Англија, повторно на „Ацтека“. А по ваква вечер, во земјата домаќин повторно се зборува истото: можеби ова конечно е генерацијата што може да оди чекор понатаму.
View this post on Instagram
Инкапије доби црвен картон на натпреварот помеѓу Еквадор и Мексико поради кршење на новото правило
З


