ВИДЕО | Невремето поплави подруми, дворови и подвозници во Скопје, најпогодени се населбите Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика проблеми во повеќе делови од градот. На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнале бројни пријави од граѓани за поплавени подруми, дворови, магацински простории, подвозници и кружни текови, информираше ЦУК.
Препорачано
View this post on Instagram
Граѓани пријавувале и заглавени возила, како и други ризици и опасности предизвикани од обилните врнежи.
View this post on Instagram
Според досега пристигнатите информации, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба.
За сите пријавени случаи веднаш биле известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и единиците на локалната самоуправа, кои постапуваат согласно своите надлежности.
View this post on Instagram
Во меѓувреме заседава Кризниот штаб на Град Скопје, кој ги координира активностите на надлежните служби.
ВИДЕО+ФОТО | Невреме во Скопје, улиците поплавени, сообраќајот во хаос


