Ендру Маунбатен-Виндзор на насловната страница на „Тајмс“ откако беше уапсен во февруари/Фото: Homer Sykes / Alamy / Profimedia

ФОТО | Посрамотениот поранешен принц Ендру првпат во јавноста по апсењето во февруари

Поранешниот принц Ендру, чии врски со осудениот сексуален предатор Џефри Епстин и тековната истрага резултираа со негово повлекување од јавниот живот, се појави тивко на својот прв јавен настан од февруари. Тој им се придружи на својот брат, принцот Едвард, и неговата сопруга, Софи, војвотката од Единбург, на натпревар во коњички спорт, што привлече големо внимание, објави „Пипл“.

Поранешниот војвода од Јорк, сега 66-годишниот Ендру Маунбатен-Виндзор, беше фотографиран во автомобил на натпреварот со коњи во Сандрингам на 28 јуни. Настанот се одржа во имотот на кралот Чарлс во Сандрингам во Норфолк, каде што Ендру е протеран откако ја изгуби својата титула принц и домот Ројал лоџ на крајот од 2025 година.

Според пишувањето на британските медиуми, Ендру се држел подалеку од главната област додека ја следел снаата Софи како се натпреварува, а се верува дека дошол за да ѝ даде морална поддршка. Овој прв јавен настан од февруари означи ретко излегување со членовите на кралското семејство за Ендру, кој во последните месеци се држи многу повлечено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FTD News (@ftdnews)

Еден од набљудувачите го сподели своето мислење за ситуацијата за британски „Сан“.

– Ендру се протна внатре и се протна надвор и дефинитивно не сакаше да биде виден.

Во продолжение, тој додаде детали за нивното заминување.

– Го видов Ендру како го напушта теренот во 10:30 часот, веднаш откако Софи заврши со јавањето на својата рунда, а набргу потоа го видов Едвард како насмеан оди кон својот автомобил.

Самиот настан има и длабоко семејно значење. Натпреварот со коњи, официјално наречен Сандрингемски фестивал на возење кочија, е основан во 1982 година од таткото на Ендру и Едвард, покојниот принц Филип, а неговата снаа Софи денес е претседателка на манифестацијата.

Во меѓувреме, истрагите на поранешниот принц Ендру и лорд Питер Манделсон околу нивната поврзаност со озлогласениот финансиер Џефри Епстин сè уште се во тек — и би можеле да траат повеќе од една година, соопшти шефот на Крунското обвинителство, објави „Скај њуз“.

Ендру Маунтбатен-Виндзор и лорд Питер Манделсон беа уапсени во февруари под сомнение за злоупотреба на јавна функција. Недолго потоа беа пуштени на слобода, а двајцата негираа какво било кривично дело.

„Навистина не мислам дека некој треба да очекува брзо решавање на истрагата. Воопшто не би било изненадувачки ако трае повеќе од една година, не поради недостаток на итноста, туку поради сложеноста, а и меѓународната димензија е дополнителен фактор што треба да се земе предвид. И покрај тоа што во некои случаи можете да добиете докази за еден час, тоа не е секогаш случај и мора да се поминат формални процедури кои понекогаш вклучуваат судови, а тоа може да има значително доцнење. Значи, сложено, долготрајно, но не недостасува итноста околу случајот“, рекол вчера директорот на јавното обвинителство Стивен Паркинсон.

ФОТО | Нова фотографија од посрамотениот Ендру Маунбатен Виндзор, сите зборуваат за огромната модринка на неговото лице

Принцот Вилијам и принцезата Кејт за случајот Епстин: „Длабоко сме загрижени за откритијата, нашите мисли се со жртвите“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот