Рибата-зајак, лагокефалос/Фото: Wikipedia

Додека цел Балкан им се плаши — тинејџер улови 158 риби-зајак за еден ден и победи на необичен натпревар во Грција

Петнаесетгодишен ученик од Атина победи на натпревар во риболов во Грција, чија цел беше лов на отровната инвазивна риба лагочефалус, позната и како риба-зајак, откако за само еден ден улови дури 158 примероци, објави „Грик рипортер“.

Јанис Цуктуридис го освои првото место во детската категорија на натпреварот, кој се одржа во рамките на десетдневна кампања насочена кон намалување на бројот на овие опасни риби. За награда доби нов рибарски стап.

Лагочефалусот е инвазивен вид што во последните години сè повеќе се шири во грчките води. Освен што претставува сериозна закана за морскиот екосистем, оваа риба е и силно отровна, па може да биде опасна и за луѓето.

Младиот рибар открил дека лови уште од својата деветта година, а со фаќање на лагочефалус се занимава веќе две години, бидејќи уште како дете дознал дека овој вид му штети на медитеранскиот морски свет.

Тој рекол дека рекордниот улов го остварил во близина на Наутичкиот клуб Амфитеа.

„Последниот пат кога бев на риболов, уловив 158 лагочефалуси“, изјавил Цуктуридис.

Тој исто така појаснил дека допирањето на рибата само по себе не предизвикува труење, освен ако лицето нема отворена рана преку која отровот би можел да навлезе во организмот.

Иницијаторот на кампањата, аматерскиот рибар и готвач Михалис Карподинис од Родос, најавил дека акцијата ќе продолжи до 30 август. Во рамките на иницијативата се организираат и неделни извлекувања на награди, а учесниците се натпреваруваат во категории за риболов од брег, од чамец и за деца.

Организаторите велат дека ваквите акции имаат цел да помогнат во ограничувањето на ширењето на инвазивниот вид, кој сè повеќе ги загрозува морскиот живот и локалниот риболов во Грција.

ВИДЕО | Илјадници медузи го преплавија морето на популарна плажа во Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот