ВИДЕО | Илјадници медузи го преплавија морето на популарна плажа во Грција
Илјадници медузи се појавија во морето кај плажа во Халкида, главниот град на грчкиот остров Евија во Грција. Масовната појава на илјадници мали кафеави медузи предизвика загриженост кај локалното население, а феноменот станал особено изразен во последните часови, пренесува „Еуроњуз“.
Препорачано
Фотографиите од плажата во Халкида покажуваат крајбрежје и плитки води прекриени со голем број мали медузи.
Според локалниот портал „Евима“, медузите се појавиле ненадејно, а жителите велат дека нивниот број е значително поголем во споредба со претходните денови.
Експертите посочуваат дека појавата на медузите може да биде поврзана со временските услови, морските струи, како и со порастот на температурата на морето.
Островот Евија, кој во последните години се соочи со разорни пожари и поплави, оваа сезона се подготвува и за нов природен предизвик – инвазија на Pelagia noctiluca. За да се заштитат туристичката сезона и безбедноста на капачите, властите во регионот на Централна Грција започнаа проект за поставување пловечки бариери во должина од 10 километри. Станува збор за прв ваков обид на регионално ниво за справување со морски организми што минатата година предизвикаа сериозни економски последици.


