Каи Трамп - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Внуката на Трамп покажа како се подготвува за дебито на црвениот тепих, па наиде на критики

Деветнаесетгодишната внука на Доналд Трамп, Каи Трамп, објави ново видео на својот Јутјуб канал во кое ги прикажа подготовките за престижното доделување на спортските награди „ESPY“, каде што го имаше своето деби на црвениот тепих. За време на третманот кај нејзината шминкерка од Флорида, младата Каи низ шега се пожали дека значително остарела и дека и соодветствуваат современите ЛЕД уреди за затегнување на лицето, што предизвика смеа кај целиот тим.

Таа отворено призна дека нејзиниот изглед драстично се променил во последните неколку месеци, истакнувајќи дека најголемите трансформации ги забележува од инаугурацијата на нејзиниот дедо одржана во јануари 2025 година, а фотографијата од тој период брзо им ја покажа на шминкерите во собата како доказ за тоа колку созреала.

Низ разговорот за затегнувањето на кожата и промените на нејзиното лице, шминкерката истакна дека младата Каи сè повеќе наликува на својата мајка Ванеса Трамп, што таа го прифати како најголем можен комплимент.

Сепак, нејзиното прво појавување на свечениот настан привлече и низа негативни коментари и потсмев на социјалните мрежи поради детали за време на позирањето, како и поради изјавите во видеото за кои дел од корисниците истакнаа дека се необични со оглед на тоа што нејзиниот дедо е милијардер и претседател на САД.

ВИДЕО | Внуката на Трамп откри детали од љубовниот живот: „Се допишувам со еден дечко…“

Која е Каи Трамп? Омилената внука на Доналд Трамп тргна по неговите стапки

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот