Лионел Меси со сопругата Антонела / Фото: Profimedia

Сопругата на Меси со емотивна порака по крајот на Светското првенство: „Ти си најдобриот пример за нашите деца“

Антонела Рокуцо му упати емотивна порака на својот сопруг Лионел Меси, еден ден по поразот на Аргентина од Шпанија (1:0) во финалето на Светското првенство.

На својот инстаграм-профил, Рокуцо истакна дека е неизмерно горда на Меси и покрај тоа што аргентинската репрезентација не успеа да ја одбрани светската титула.

„Секогаш ќе бидеш најдобар. Не само поради твојот талент, туку и затоа што секогаш остана свој. Што и да се случи, никогаш не се откажуваш, се бориш до крај и го даваш максимумот до последната секунда. Таа сила, тој начин на размислување и фактот што секогаш повторно се издигнуваш се она што те прави единствен“, напиша таа.

Антонела, со која Меси има три сина – Тијаго (13), Матео (10) и Чиро (8) – му се заблагодари што секојдневно им покажува дека вистинскиот успех се гради со труд, жртва, истрајност и верност кон себе.

„Ти си најдобриот пример за нашите деца и инспирација за милиони луѓе. Ти се восхитувам повеќе отколку што можат зборовите да опишат и неизмерно сум горда што го делам животот со тебе. Те сакам многу“, порача Рокуцо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)


За време на Светското првенство, таа редовно му даваше поддршка на Меси преку социјалните мрежи. По победата над Египет во осминафиналето, кога аргентинскиот капитен постигна два гола, напиша: „Напред Аргентина. Без зборови.“

Таа реагираше и на почетокот на турнирот, кога Меси го постигна својот 18. гол на светските првенства и стана најдобар стрелец на Аргентина во историјата на ова натпреварување.

Меси и Рокуцо се познаваат уште од детството, а во врска се од 2005 година. Се венчаа во 2017 година во нивниот роден Росарио, а заедно имаат три сина.

ФОТО+ВИДЕО | Шпанците ја слават светската титула со навивачите во Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот