ФОТО | Од Индија, Германија и Англија директно во Виница: Cafe De Anatolia одржа фестивал поради кој странци допатуваа во Македонија
Додека многу фестивали се потпираат на веќе познати светски имиња, Cafe De Anatolia Festival 2026 покажа дека и независен македонски бренд може да создаде меѓународна привлечност и да донесе светска публика во Македонија.
Посетители од Индија, Германија, Швајцарија, Англија и од други земји поминаа илјадници километри за да пристигнат во Виница и да бидат дел од Cafe De Anatolia Festival 2026 (Кафе Де Анатолија Фестивал 2026).
Препорачано

Македонскиот бренд успеа да изгради толку лојална глобална заедница преку дигиталните платформи, која покажа дека е подготвена да допатува во мал град во Македонија за непосредно да го доживее неговиот звук, визуелен идентитет и фестивалски концепт.

Главната причина за доаѓањето на посетителите беше самиот бренд и приказната што семејството Илиеви ја создава со години. Целата музичка програма беше составена исклучиво од артисти поврзани со Cafe De Anatolia и музика од сопствениот каталог.

Публиката имаше можност да го доживее оригиналниот звук на брендот преку настапи на неговите артисти, без мешање на комерцијални програми од други издавачки куќи.
View this post on Instagram
Во светот каде фестивалите најчесто се градат околу ангажирање надворешни големи имиња, концептот на фестивал базиран целосно на сопствена музика, сопствени артисти, сопствен каталог и сопствена визија е исклучително редок пример, особено за Македонија и регионот.

Покрај вечерната музичка програма, фестивалот понуди и целодневно мултимедијално и културно искуство. Посетителите можеа да дегустираат вина од домашни винарии, да го посетат фестивалскиот базар, да уживаат во различни гастрономски понуди и да разгледаат креативни инсталации.

Во рамките на програмата беше организиран и првиот Car Expo во Македонија поставен како дел од музички фестивал. Амбиентот беше дополнет со тарот читања, цртање на лице, пантомима, интерактивни перформанси и други уметнички содржини.

Основан од семејството Илиеви — Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиева (Monika Ilieva) и Никола Илиев (Rialians On Earth / Nickarth) — Cafe De Anatolia прерасна во глобален музички бренд и вистински powerhouse во светот на музичката индустрија, со препознатлива естетика, уникатен звук и силно глобално присуство.

Организацијата денес соработува со повеќе од 5.000 артисти, располага со каталог од над 10.000 музички изданија, има повеќе од 30 милиони следбеници на дигиталните платформи и над две милијарди прегледи на своите содржини.
Cafe De Anatolia важи за една од највлијателните платформи за Organic House сцената, со глобална заедница, илјадници артисти и препознатлива музичка насока која продолжува да се шири низ светот. Историски момент за брендот беше потпишувањето административен договор со Sony Music Publishing, како и промоцијата на Тајмс Сквер во Њујорк.

Препознаен од бројни меѓународни медиуми и публикации, вклучувајќи ги Forbes („Форбс“) и Entrepreneur („Ентрепренур“), македонскиот бренд Cafe De Anatolia се смета за еден од основачите на Organic House (Органик хаус) жанрот, создавајќи уникатен спој помеѓу традиционалните етно влијанија и модерната електронска музика.
Cafe De Anatolia беше i номиниранa од Beatport, рамо до рамо со светски имиња како HUGEL (Хугел), за „Label of the Year 2025“ (Издавач на годината 2025) и „Artist of the Year 2025“ (Артист на годината 2025), потврдувајќи го моќното влијание во светската електронска сцена.


