Cafe De Anatolia Festival — нова ера на фестивалската култура во Македонија

По настапи и настани во некои од најпрестижните светски дестинации како Дубаи, Санторини, Истанбул, Малта и Букурешт, како и по распродадениот настап во Скопје, Cafe De Anatolia го најавува својот прв дводневен фестивал во Македонија — на 10 и 11 јули во Aleksandar Park, Виница.

Ова не е само музички настан, туку целосно искуство кое ги обединува електронската сцена — современата уметност, локалната гастрономија и винската традиција.

Фестивалската програма ќе се одвива во две ноќи — петок и сабота, од 20:00 до 03:00 часот, со настапи на интернационални и домашни артисти како Beard2Beard, DR. Saba, Rex Stax, Jizabja, Keto Van Harum, Billy Esteban и Rialians On Earth, како и специјални фестивалски перформанси како пантомима перформанси, тарот читач, face painting артисти, интерактивни уметнички моменти и дополнителни изненадувања кои ќе ја надополнат целосната фестивалска атмосфера.

Во сабота, од 15:00 до 20:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневна фестивалска атмосфера со бесплатни дегустации на вина од повеќе винарии, уметнички инсталации, гастрономски понуди и фестивалски маркет.
Основан од семејството Илиеви — Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиева (Monika Ilieva) и Никола Илиев (Rialians On Earth / Nickarth) — Cafe De Anatolia прерасна во глобален музички бренд и вистински powerhouse во светот на музичката индустрија, со препознатлива естетика, уникатен звук и силно глобално присуство.Препознаен од бројни меѓународни медиуми и публикации, вклучувајќи ги Forbes и Entrepreneur, Cafe De Anatolia се смета за еден од основачите на Organic House жанрот, создавајќи уникатен спој помеѓу традиционалните етно влијанија и модерната електронска музика.

Брендот денес претставува една од највлијателните платформи во оваа сцена, со глобална заедница, илјадници артисти и препознатлива музичка насока која продолжува да се шири низ светот. Историски момент за брендот беше потпишувањето административен договор со Sony Music Publishing, како и промоцијата на Тајмс Сквер во Њујорк — чекори кои дополнително ја зацврстија позицијата на Cafe De Anatolia како еден од највлијателните независни музички лејбли од регионот.

Брендот е номиниран од Beatport, рамо до рамо со светски имиња како HUGEL, за „Label of the Year 2025“ и „Artist of the Year 2025“, потврдувајќи го неговото влијание во светската електронска сцена.
Со воспоставени соработки и признанија од глобални имиња и компании како Giorgio Armani, Four Seasons, Radisson Blu и Sony Music Publishing, Cafe De Anatolia продолжува да поставува нови стандарди на пресекот меѓу музиката, културата и lifestyle индустријата.
Денес, Cafe De Anatolia соработува со над 5.000 артисти, поседува каталог од над 10.000 траки во жанрот Organic House и брои над 30 милиони следбеници и повеќе од 2 милијарди прегледи глобално.
🎟 Билети и повеќе информации: https://mktickets.mk/event/cdafestival/

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот