Фото: социјални мрежи / скриншот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Куче скокна од зграда во Гостивар, се тврди дека бегало од насилници кои го тепале

На страшната и жална сцена сведоци беа шокирани минувачи, немоќни да го спасат бездомното куче, кое наводно влегло на објектот барајќи засолниште од горештината

Снимка за која се вели дека е од Гостивар и на која се гледа како преплашено бездомно куче во очај скока од зграда во изградба, ги вознемири граѓаните на социјалните мрежи. Според сведоштва на очевидци, кучето скокнало откако насилници, наводно некои од работниците на градилиштето, го бркале и го тепале.

Во објавата се тврди дека кучето влегло на градилиштето барајќи засолниште од горештината, но дека таму наишло на луѓе кои го тепале за да го избркаат од објектот. Кучето во паника избегало нагоре по скалите, до последниот кат. Таму, во безизлез, скокнало во смрт, пред десетина ужаснати сведоци.

Засега нема официјална потврда за тоа дали случајот е пријавен во полицијата и во Агенцијата за храна и ветеринарство. Не се потврдени ниту околностите под кои во објавата се тврди дека се случил инцидентот.

Видеото на кое е забележана оваа жална и мачна сцена не е за луѓето со слабо срце.

Мачењето животни во Македонија со години е кривично дело за кое е предвидена и максимална казна од шест месеци затвор. Активистите се жалат дека судовите не ги сфаќаат сериозно ваквите случаи и велат дека самиот член во Кривичниот законик е формулиран преопшто, како и дека не е пропишана построга казна за случаите во кои мачителите убиваат животни.

Фото: Кривичен законик / Јавно обвинителство

„Слободен печат“ неодамна објави дека во најекспонираниот ваков случај, оној со бруталното насилство од кое угина кучето Феликс, а насилникот Љубе Крстевски беше осуден на три месеци затвор, Апелација во февруари годинава ја преиначила затворската казна во парична.

За убиството на кучето Феликс, Љубе Крстевски доби 3 месеци затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот