Фото: EPA/PETER KLAUNZER

ВИДЕО | Швајцарија рутински преку Алжир се пласираше во осминафиналето

Швајцарската фудбалска репрезентација обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство по победата од 2:0 над Алжир во Ванкувер, Канада.

Избраниците на Мурат Јакин ги контролираа случувањате на теренот од самиот почеток, а поведоа уште во 10. минута.

По добро изградена акција, мрежата на Алжирците ја затресе Брил Емболо по асистенцијата на Јохан Манзамби.

Швајцарците ги решија сите дилеми околу победникот на почетокот на второто полувреме. Се играше 46. минута кога Дан Ндоје постигна гол за 2:0, негов прв на Мундијалот.

Алжир се обиде веднаш да одговори, а опасниот удар на Марез во 49. минута заврши блокиран. Швајцарците ја имаа својата најдобра шанса за трет гол во 81. минута, кога Денис Закарија го пронајде Фабијан Ридер, но неговиот удар од непосредна близина го одбрани голманот Лука Зидан.

До крајот на натпреварот, Швајцарците ја одржуваа својата предност без поголеми проблеми, не дозволувајќи му на Алжир сериозно да го загрози нивниот гол.

Швајцарија ќе игра со подобриот тим од дуелот Колумбија – Гана во осминафиналето на 7 јули исто така во Ванкувер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот