Ѓуроски: Знаевме дека ова е меч кој мора да се добие за пласман во следната фаза
Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија ја исполни примарната цел во претквалификациите, но во националниот тим нема простор за опуштање.
Препорачано
Тоа го потврди и Стојан Ѓуроски, кој по победата над Ирска порача дека репрезентацијата ќе остане максимално мотивирана и на гостувањето во Луксембург.
– Очекувавме убедлива победа затоа што Ирска е тврд противник, играше доста физички. Дојдоа во подмладен состав со шест кошаркари од колеџ, што малку нè изненади, но ние влеговме подготвени. Знаевме дека ова е меч кој мора да се добие за следна фаза. Среќни сме и задоволни што успеавме во целта. Сега ни следи Луксембург, против кого исто така одиме на победа и покрај тоа што сме веќе во следната фаза. По нас, Луксембург е најдобра селекција во групата, доста подобра на домашен терен. Ние немаме повеќе што да загубиме, па ќе влеземе максимално и во тој меч – рече Ѓуроски.
Последниот натпревар од претквалификациите Македонија ќе го одигра на гостински терен против Луксембург на 5 јули, со можност успешниот квалификациски циклус да го заокружи со максимален ефект – шест победи во шест натпревари.
Моментно на табелата по пет кола води Македонија со 10 бодови, пред Луксембург и Азербејџан по седум, а Ирска има шест.
Берокал: Еден ден ќе уживаме, а потоа ќе мислиме на Луксембург
ФОТО | Македонија ја победи Ирска и обезбеди втора фаза во битката за Евробаскет 2029


