Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Селекторот на Хрватска, Далиќ: Не заслуживме ваков крај, храбро загубивме

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, беше видливо разочаран по поразот од 2:1 во 1/16 финалето од Португалија, со што заврши настапот на „коцкестите“ на Светското првенство.

Далиќ ѝ честиташе на Португалија за пласманот, но нагласи дека верува оти неговите играчи не заслужија ваков исход:

– Им честитам на Португалците и на мојот пријател Роберто Мартинез за пласманот во следната фаза. Тешко е да се каже нешто по ваков пораз. Во првото полувреме не сакавме да примиме гол, а во второто полувреме целосно ја презедовме иницијативата, создадовме многу шанси и бевме подобриот противник. Не мислам дека заслуживме ваков крај. Сè што можам да направам е да им честитам на моите играчи за сè што покажаа. Примениот гол на крајот секогаш боли, но уште потешко е кога ви е поништен гол за израмнување во последните моменти. Емоциите се менуваа од секунда во секунда и не е лесно да се справите со тоа. Сепак, игравме храбро против исклучително силната Португалија – рече Далиќ.

Хрватскиот селектор не го криеше своето незадоволство од судењето, иако не сакаше да го бара како оправдување за поразот. Воедно, се осврна на иднината на националниот тим, нагласувајќи дека хрватскиот фудбал има доволно квалитет за годините што доаѓаат.

– Нема да барам алиби, но мислам дека судењето беше многу лошо на наша штета. Одлуките на ВАР сè повеќе ги убиваат емоциите во фудбалот. Понекогаш помагаат, понекогаш ги оддалечуваат, но сигурно го менуваат она што беше фудбалот порано. Жал ми е што веројатно вака заврши последното Светско првенство на Лука Модриќ. Тој уште еднаш покажа каков лидер е. Имаме искусни играчи, но доаѓа нова генерација. Хрватска има талентирани млади фудбалери и не се плашам за иднината. Овие порази се болни, но тие често претставуваат најдобра школа за она што доаѓа – кажа Далиќ.

ВИДЕО | Хрватска немаше среќа, Португалија преку драма до осминафинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот