Роналдо одби да даде одговор на едно прашање по натпреварот со Хрватска
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо не даде јасен одговор дали по Светското првенство ќе се повлече од националниот тим, нагласувајќи дека нема да зборува на таа тема додека не заврши турнирот.
Препорачано
Искусниот 41-годишен фудбалер, кој со гол од пенал помогна Португалија да ја елиминира Хрватска во осминафиналето, истакна дека целосниот фокус му е на турнирот и следниот натпревар.
„Беше малку чуден натпревар. Доминиравме во првото полувреме, но не беше така во второто. Тие постигнаа голови и малку паничевме. Беше луд натпревар, но тоа е Светско првенство“, изјави Роналдо.
ВИДЕО | Хрватска немаше среќа, Португалија преку драма до осминафинале
Тој додаде дека ваквите натпревари се дел од патот кон успех и дека тимот мора да ги анализира грешките.
„За да го освоите овој турнир, мора да поминете низ такви моменти. Имавме моменти кога страдавме, тоа е дел од играта“, рече тој.
На прашањето за изјавите на неговата сестра Катја Авеиро, која најави можно збогување со репрезентацијата по Мундијалот, Роналдо остана воздржан.
„Продолжете да го поддржувате тимот како и досега. Мојата иднина сега не е важна. Ќе разговарам со семејството, па потоа ќе одлучам. Повеќе не донесувам избрзани одлуки“, порача португалската ѕвезда.


