Премиерот на Молдавија поднесе оставка

Молдавскиот премиер Александру Мунтеану денес поднесе оставка, без да наведе конкретна причина за повлекувањето од функцијата.

Со неговата одлука, оставка практично поднесува и целата влада.

Мунтеану беше премиер на Молдавија од ноември минатата година. Во објавата на Икс напиша дека одлуката ја донел откако сфатил дека повеќе не може да го извршува мандатот во согласност со своите принципи и уверувања.

Тој додаде дека ќе продолжи да ѝ служи на својата земја од која било позиција, без разлика каде ќе живее и дали ќе биде ангажиран во јавниот или во приватниот сектор, пренесува „Бета“.

Романскиот парламент усвои предлог-закон за обединување со Молдавија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот