фото скриншот
фото скриншот

Никој не е осомничен за детето што беше седумпати избодено со нож во Ченто

Кога биле лишени од слобода овие три лица и колку време им траело лишувањето од слобода, зошто тоа не резултирало со кривична пријава до јавен обвинител и зошто нема мерки за претпазливост или притвор — одговори нема ниту од МВР, ниту од ОЈО, а од Кривичниот суд без да бидат донесени осомничени, не можат да изречат ниту мерки.

Единаесет дена по грозоморниот настан во Ченто — каде 14-годишно дете беше прободено со нож седумпати во грбот, а неговата мајка Џељана Селими тврди дека напаѓачите кои биле возрасни (полнолетни) извадиле и калашников – нема ниеден осомничен за ова кривично дело.

Основното јавно обвинителство Скопје воопшто нема примено кривична пријава за ниеден осомничен.

Вчера од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ информираа дека лишени од слобода биле три лица Ј.Ј. В.А. и В.С. од Скопје затоа што на подрачјето на Гази Баба физички го нападнале 14-годишникот и му нанеле повреди со остар предмет.

Со нив биле извршени службени разговори. Кога биле лишени од слобода овие три лица и колку време им траело лишувањето од слобода, зошто тоа не резултирало со кривична пријава до јавен обвинител и зошто нема мерки за претпазливост или притвор — одговори нема ниту од МВР, ниту од ОЈО, а од Кривичниот суд без да бидат донесени осомничени, не можат да изречат ниту мерки. Во меѓувреме жртвата, 14-годишното момче, откако преживеа хируршка интервенција, се наоѓа во тешка психолошка состојба на пост-трауматски стрес, не излегува од дома и се плаши за својот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SLOBODEN PECAT (@slobodenpecat)

Мајката на 14-годишното момче кое на 22 јуни крвнички било избодено со нож во Ченто, Џељана Селими, во изјава за „Слободен печат“ го опиша настанот и за нашата редакција изјави дека полицијата го води случајот како да е насилство, а не како обид за убиство, иако напаѓачите имале и калашников со нив.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот