ВИДЕОАНКЕТА | Жителите на Аеродром по врсничкото насилство

„Згрозени сме од тоа што се случи“; „Не си ја препознаваме населбата“; „Треба да дојдете да снимате навечер за време на викенд, да видите што e овде“, велат дел од анкетираните жители на Аеродром пред камерата на „Слободен печат“.

Според повозрасните, проблемот со врсничкото насилство е модерен проблем.

– Во наше време немаше булинг, ние се сакавме, се дружевме, си игравме во вечерните часови, не се тепавме. Овие нови генерации се невоспитани – вели една госпоѓа.

Сведочеле на многу страшни сцени, како што споделија со нас.

– Петок и сабота овде е лудило. Од други места на Скопје, најчесто Синѓелиќ, Илинден, доаѓаат огромни групи деца, дел од нив се и вооружени со ножеви, палки. Многу често пријавуваме, се жалиме, апелираме, но ова не се решава веќе подолго време. Навистина буквално молиме за помош. Во ФБ-групата „Пријави проблем“ веќе врие – раскажува една помлада жителка.

Често пријавувањето во полиција, како што вели таа, било безуспешно.

– Или има недостаток на полиција или не знам во што е проблемот. Кога сакаме да пријавиме инцидент или не ни креваат на телефон, или ќе нè откачат како да е нешто неважно или доаѓаат кога веќе е доцна – вели таа.

Младите не се зачудени, велат дека ова е веќе секојдневие за нивните генерации.

– Проблемот го гледам во системот. Многу пати сум бил сведок на булинг. Сум се обидел да помогнам каде што може, но ако се поголема група, се повлекувам – вели едно момче.

Родителите и институциите се клучна алка за проблемот, сметаат анкетираните.

– Најголемиот проблем го гледам во родителите, не им посветуваат доволно време на децата. Мора да се запрашаме каде скршнавме. Ќе го посочам прстот и во образованието. Наставниците да поработат повеќе на педагошкиот дел со децата. Потребна е коренита измена на едукацијата за превенција околу врсничкото насилство – вели една мајка.

Погледнете ја анкетата на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од брутално насилство врз девојче во Аеродром: ја влечат за коса, ја тепаат — десетици деца навиваат и снимаат

АУДИО: Мајката на 14-годишникот крвнички избоден со нож во Ченто, тврди дека полицијата го води случајот како „насилство“ а не како обид за убиство

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот