Френки Мјуниз со сопругата Пејџ Прајс во 2018 година/Фото: Michael Mullenix / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Обожавателите го нападнаа поради веселото видео за разводот — ѕвездата на „Малколм“ се раздели од сопругата „по 10 прекрасни години“

Френки Мјуниз објави дека тој и сопругата Пејџ Прајс се разведуваат по 10 години заедно. Ѕвездата од серијата „Малколм во средината“, кој се ожени со Пејџ во 2019 година и со неа има петгодишен син Мауз, сподели искрена изјава за причините за раскинувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frankie Muniz (@frankiemuniz4)

Френки Мјуниз и Пејџ Прајс Мјуниз објавија за својот развод на социјалните мрежи во средата, 1 јули. Првично објавата содржеше кратко видео од Мјуниз како танцува со својата сопруга, со опис: „Кој вели дека не можеш да останеш најдобар пријател со мајката на твоето бебе?“ Меѓутоа, откако снимката предизвика негативни реакции од обожавателите, актерот го избриша видеото. Потоа, и двајцата објавија посебни соопштенија за разводот на социјалните мрежи.

Прајс објави и дека „ѝ е жал што морал Френки да го избрише забавното видео од нивното семејство, бидејќи луѓето се толку сурови со него“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Paige Price Muniz

„Најдобро функционираме како пријатели“

Во објава за животните промени на социјалните мрежи, 40-годишниот Мјуниз откри дека тој и сопругата веќе извесно време не живееле заедно

„По период на разделеност, кој го чувавме во тајност, Пејџ и јас одлучивме се разведеме. По 10 прекрасни години заедно, се развивавме на начини поради кои сфатиме дека нашиот однос функционира најприродно и најмоќно како длабоко пријателство и како партнерство во родителството. Делиме неверојатен син кој останува центар на нашиот свет, а двајцата сме посреќни и посилни родители поради љубовта и растот што го делевме“, напишал актерот.

„Своите соништа ги стави на чекање поради мене“

Мјуниз нагласил дека е „бесконечно благодарен“ на сопругата за сè што направила за него и за нивното семејство.

„Таа ги стави своите соништа на чекање за да можам да ги следам моите и отсекогаш ми беше најголема поддршка. Таа темел на почитување и пријателство нема да исчезне. Со радуваме што ќе продолжиме заедно да го градиме Muniz Racing и заедно да го воспитуваме нашето момче со истиот тимски дух и љубов што отсекогаш сме ја имале. Затвораме едно поглавје со благодарност, а го отвораме следното со светла иднина пред нас, како за нас како поединци, така и посебно за нашиот син“, порачал тој.

На крајот, им се заблагодарил на своите следбеници за нивната поддршка и замолил за приватност, истакнувајќи дека нема да коментира понатаму за разводот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frankie Muniz (@frankiemuniz4)

Од Малколм до автомобилски трки

Мјуниз и Прајс се запознаа во 2016 година, се свршија две години подоцна, а се венчаа во тајност во 2019 година. Следната година организираа и поголема свадбена прослава. Синот го добија во март 2021 година.

Френки Мјуниз се прослави како детска ѕвезда во ситкомот „Малколм во средината“, каде што го играше главниот лик од 2000 до 2006 година. Тој се појави и во филмови како „Агент Коди Бенкс“, „Зебра тркач“ и „Опасен кварт“.

Тој ја стави својата актерска кариера на пауза во 2008 година за да се посвети на автомобилските трки. Денес, тој се натпреварува како возач во серијата „Наскар занаетчиски камиони“, а неодамна се врати и во улогата на Малколм во серијата од четири дела „Малколм во средината: Животот е сè уште нефер“  (Malcolm in the Middle: Life’s Still Unfair) на платформата Дизни+.

Многумина се сеќаваме на ликот на Малком, но самиот Френки Мјуниз не! Актерот откри дека претрпел повеќекратни мозочни удари

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот