Слаткар откри дека има необјавена песна со Владо Јаневски: „Ќе ја довршам и ќе ја објавам на неговиот роденден“
Македонскиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткар откри дека со неодамна починатиот поп-пејач Владо Јаневски снимиле песна која никогаш не била објавена.
Препорачано
По погребот на Јаневски, кој се случи вчера, Слаткар на социјалните мрежи сподели дел од песната и објасни зошто со години ја чувал необјавена.
„Денес, кога го испративме Владо, сфатив колку работи останале недовршени. Со години чувам една песна што ја снимивме заедно. Не затоа што не верував во неа, туку затоа што секогаш кога работам со некој што неизмерно го ценам, сакам да го дадам својот максимум. Постојано мислев дека може уште подобро и затоа ја одложував, убеден дека ќе имаме време повторно да работиме на неа. За жал, тоа време не дојде. Ова е само мал дел од песната. Ветувам дека ќе ја довршам и ќе ја објавам на неговиот роденден. Фала ти за довербата, Владо.
Фала ти за сè што направи за сите нас. Ќе ми недостигаш. На сите ќе ни недостигаш“, напиша Слаткар.
View this post on Instagram
Кога беше објавена веста за смртта на Јаневски, Слаткар се прости од него со кратка и емотивна порака.
„Замина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски поети на 21 век.
Неговите стихови и песни ќе живеат засекогаш.
Вечна му слава“, напиша раперот.
View this post on Instagram
Слаткар најави дека заедничката песна ќе ја доврши и ќе ја објави на роденденот на Владо Јаневски, како почит кон неговото творештво и спомен.


