Фото: Промо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Доц. д-р Жан Митрев доби признание како еден од најцитираните истражувачи во областа на медицинските науки според АРБУ

Доц. д-р Жан Митрев е еден од десетте најцитирани истражувачи во областа на медицинските науки. Ова признание доаѓа од истражувањето спроведено во рамките на проектот АРБУ – Академско рангирање на балканските универзитети, а за истото му е доделен и сертификат.

На денешната манифестација на доделувањето на сертификатите беа присутни проф. д-р Милка Клинчева и д-р Емил Стоицовски, кој во име на д-р Митрев го прими признанието, односно сертификатот.

Според објавената листа на АРБУ за професори и истражувачи во категоријата „Medical Sciences“, доц. д-р Жан Митрев е рангиран на 8. место во Северна Македонија, во конкуренција на 100 истражувачи рангирани според академскиот придонес.

Покрај ова признание, доц. д-р Жан Митрев припаѓа и во групата 25 најцитирани истражувачи во Македонија, што претставува значајна потврда за неговиот научноистражувачки придонес, видливоста на неговата работа и влијанието што го има во медицинската наука.

Фото: Промо

АРБУ е проект наменет за академската заедница, истражувачите и студентите, со цел да обезбеди релевантни информации и индикатори за академските перформанси на универзитетите и истражувачите во регионот. Платформата опфаќа податоци за земји од Балканот, меѓу кои Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Албанија, и претставува дополнителен извор на информации за институции кои не се опфатени со највлијателните светски рангирања како QS, Times Higher Education и Shanghai Ranking.

Ова признание е уште една потврда за континуираната посветеност на доц. д-р Жан Митрев кон развојот на медицината, научноистражувачката дејност и унапредувањето на здравствените практики преку знаење, искуство и меѓународно препознатлив придонес.

Вклучувањето меѓу најцитираните истражувачи претставува важен поттик за понатамошно вложување во науката, истражувањето и публикувањето, како и за промоција на македонските истражувачи во регионален и меѓународен академски контекст.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. За закажување термин или за информации јавете се на тел. 02 3091 484

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот