Диего Марадона/Фото: EPA-EFE/Demian Alday Estevez

ВИДЕО | Марадона уште во 2018 година знаеше што сакаат да направат Американците со фудбалот

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона уште пред неколку години предупреди дека комерцијалните интереси сѐ повеќе ќе влијаат врз изгледот на најважното фудбалско натпреварување во светот, а неговите зборови денес повторно се актуелни.

Во изјава од 2018 година, Марадона потсети на Светското првенство во САД во 1994 година, тврдејќи дека тогаш постоеле идеи натпреварите да се играат во четири четвртини за да се отвори дополнителен простор за реклами. Поради тоа, не го криеше незадоволството што САД повторно ја добија организацијата на Мундијалот, овојпат заедно со Мексико и Канада.

„Не ми се допаѓа тоа, нема вистинска страст. Канаѓаните се добри скијачи, а Американците сакаа да воведат четири четвртини од по 25 минути поради рекламите. На крајот ќе играме по 100 минути“, изјави тогаш Марадона.

Иако неговото предвидување не се оствари буквално, современиот фудбал навистина оди во насока што ја најавуваше. На Светското првенство се воведени паузи за хидратација поради високите температури, кои истовремено создаваат простор за телевизиски реклами, а поради долгите судиски продолженија многу натпревари траат околу или повеќе од 100 минути, речиси идентично како што прогнозираше аргентинската фудбалска легенда.

Паузите за хидратација на Светското првенство му донесоа милиони на Бекам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот