Сергеј Барбарез Фото: Kai River Kanzer / Zuma Press / Profimedia

Барбарез е Србин, Хрват и Босанец — му се заканувале дека ќе му ја убијат мајката, сега е херој на нацијата!

Селекцијата на Босна и Херцеговина го заврши настапот на Светското првенство, но не разочара со својот настап и остави силен впечаток на турнирот. Иако патот заврши порано од посакуваното, „Змејовите“ покажаа борбеност, најголема емоција и почит кон својата земја.

Можеби за „странците“ е необјасниво кога гледаат навивачите како со „севдах“ во гласот пеат на трибините. Никогаш и нема целосно да разберат – за нив тоа е само спорт. Но, за луѓето од овие простори, истиот тој спорт е многу повеќе од игра. Со него се слави, но и се тагува.

Најголем виновник за успешниот настап на БиХ на овој Мундијал со сигурност е селекторот Сергеј Барбарез кој ја однесе до бараж-натпревар за настап на Светското првенство, а во тој натпревар, БиХ направи сензација и ја совлада Италија која остана без настап на Мундијалот.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Англија низ иглени уши до осминафинале, Лукаку и Тилеманс режираа чудесен пресврт

Сергеј Барбарез претставува редок пример на човек кај кого животните искушенија, војната и тешките преселби не ја избришале, туку ја зајакнале љубовта кон сопствената држава и народ. Иако неговиот пат го однел од воениот Мостар до Германија, каде што изгради голема кариера и стана капитен на Хамбург, врската со татковината никогаш не се прекинала. Напротив, таа останала длабоко врежана во него. Во неговиот пример се гледа дека припадноста кон една земја не се мери со местото на живеење или успехот во странство, туку со чувството кое останува трајно, без оглед на сите животни околности.

Барбарез пораснал во семејство со мешан брак. Во Мостар го воспитувале таткото Србин, Љубо, поранешен локален фудбалер, и мајката Злата, полу-Србинка, полу-Хрватка, која се занимавала со ракомет.

Како дете бил во дилема со кој спорт да се занимава, бидејќи сакал кошарка и атлетика, а со фудбал почнал релативно доцна, на 13-годишна возраст. Сепак, тоа не било пречка. Бил универзален играч – од среден ред до напад – и веднаш било јасно дека локалниот Вележ добил голем талент.

Џеко на Мундијалот ќе носи копачки дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски

Почетоци и војната

На почетокот на војната морал да служи воен рок во Загреб, а по враќањето во Мостар сфатил дека градот повеќе не е истиот во кој пораснал. Сè било променето – улиците биле под оружје, а секојдневието обележано со насилство и бомбардирања.

Тогаш одлучил да замине кај роднини во Хановер додека ситуацијата не се смири. Планот бил да остане две недели, но останал една година, бидејќи на проба и во аматерскиот тим ги воодушевил луѓето од клубот. Во Германија подоцна ги повлекол и татко му и сестра му, додека мајката останала во Мостар.

Германската фудбалска приказна

За само една сезона толку го импресионирал тренерот Франк Пагелсдорф што бил повикан во Унион Берлин, каде што започнала вистинската експлозија на Барбарез. На 89 натпревари постигнал 46 голови во регионалната лига, што било доволно да премине во бундеслигашот Ханза Росток. Повторно, на препорака на Пагелсдорф.

По две сезони таму, следел повик од големата Борусија Дортмунд, која во 1998 година го засилила како нов европски шампион за сума од еден милион марки.

Во тој период сè уште немал настап за репрезентацијата на БиХ, па во Германија се размислувало да настапи за нивната селекција. Но Барбарез тоа го одбил и јасно порачал:

– Луѓе, јас не сум Германец. Јас сум од Мостар.

Повторно останал две сезони, но не се снашол во Вестфален и морал да замине. Тоа се покажало како пресвртна точка во неговата кариера. Потпишал за Хамбург – повторно на повик на Пагелсдорф – и таму целосно ја променил својата кариера.

На северот од Германија станал вистинска клупска легенда, одиграл повеќе од 200 натпревари и постигнал 71 гол, носејќи ја капитенската лента. Тоа бил неговиот фудбалски врв, пред последните две сезони во Баер Леверкузен.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Процветаа лилјаните во САД, Очоа се израмни со Роналдо

Миленик на нацијата

Барбарез станал и капитен на Босна и Херцеговина, за која настапувал осум години. Причината зошто порано не играл била заканата кон неговото семејство, па дури кога ситуацијата се смирила и кога државата ја гарантирала безбедноста, биле создадени услови да настапува.

Мешаниот брак ја обележал неговата животна приказна, во време кога морало да се „знае чиј си“. Барбарез бил и на сите и на никого – верен „војник“ на репрезентацијата на БиХ, без која тимот не можел да се замисли.

ВИДЕО | Ибрахимовиќ ќе се расплачеше додека зборуваше за Босна: Се наежив, корените на мојот татко потекнуваат од таму

Станал и миленик на навивачите кога во Белград, против тогашна Србија и Црна Гора во клучен квалификациски натпревар за Мундијалот 2006 година, побарал од судијата да го прекине мечот поради навреди од трибините.

Негов сон отсекогаш бил да биде селектор на „Змејовите“, но повеќепати му се измолкнувала таа можност. Кога веќе изгледало дека ќе остане само сон, пристигнала неочекувана покана – овојпат не од Пагелсдорф, туку од неговата татковина.

Барбарез ги почитувал и другите, особено Србија, која му помогнала кога неговата мајка и сестра се вакцинирале во Белград, по што јавно ѝ оддал признание на српската престолнина. Воедно, поради тоа остро ја критикувал сопствената власт.

ФОТО | „Љубовта не познава граници“: Хрватка и Босанец испратија емотивна порака во дресовите на своите земји

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот