фото: cskabasket.ru

Големо признание за македонскиот стратег: Рајковиќ летово ќе биде дел од тренерскиот тим на Сан Антонио

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ ова лето ќе биде дел од НБА Летната лига како член на стручниот штаб на Сан Антонио Спарс.
Рајковиќ веќе се наоѓа во Тексас, каде што започнаа подготовките на тимот за претстојниот турнир во Лас Вегас, кој ќе се одржи во периодот од 9 до 19 јули.

Македонскиот стручњак во редовите на „мамузите“ ќе има улога на гостин-тренер. Ваквата пракса е вообичаена за НБА франшизите, кои секое лето ангажираат европски тренери со цел размена на искуства, идеи и запознавање со современите методи на работа во најсилната кошаркарска лига во светот.

За Рајковиќ, овој ангажман претставува значајна можност за дополнително усовршување и збогатување на неговата интернационална тренерска кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот