Паднато дрво/ Фото: ЈП Паркови и зеленило

И попладнево се очекува невреме, скопјани да не ги паркираат возилата под дрвја

Граѓаните да не ги паркираат автомобилите под високи и суви дрвја, затоа што од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека и попладнево се очекува навреме, апелираат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Оттаму велат дека скопјани можат да пријават паднато дрво или гранка на телефонот на ЦУК – 112, за екипите на претпријатието да го отстранат.

Поради вчерашното невреме со силен дожд и град, како што информираат, теренските екипи интервенирале на повеќе од 30 локации за расчистување на паднати гранки и дрвја, кои делумно или целосно го попречувале сообраќајот.

ФОТО | Дрво падна врз пешачка патека до детско игралиште во Аеродром

Најголем број интервенции се извршени во населбите Чаир, Бутел, Кисела Вода, Аеродром и Центар.

Екипите работеа до доцните вечерни часови, а и денес продолжуваат со активности на терен за целосно отстранување на последиците од невремето, посочуваат од Претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот