Фото: Screenshot

ВИДЕО | Американците го претресоа Меси од глава до пети

Иако важи за еден од најголемите фудбалери во историјата, Лионел Меси не беше изземен од строгите безбедносни процедури при пристигнувањето во Мајами за продолжението на настапите на Светското првенство.

Аргентинската ѕвезда, која досега постигна шест голови и е водечки стрелец на турнирот, по слетувањето во Флорида помина низ детална аеродромска контрола. Безбедносните службеници го прегледаа од глава до пети, а во еден момент беше упатен и на скенер за целосна телесна проверка, сцена која предизвика насмевки и кај самиот Меси.

Ситуацијата беше уште поинтересна ако се земе предвид дека Меси веќе неколку години настапува за клуб од Мајами и многупати досега пристигнувал и заминувал токму од истиот аеродром.

Аргентина во Мајами се подготвува за натпреварот од шеснаесетфиналето на Светското првенство против Зеленортските Острови, кој е закажан за сабота на полноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот