Македонија/РФМ

Младите ракометари подобри и од Грција

Македонската машка младинска ракометна репрезентација ја забележа и третата победа во подготвителниот период, откако денеска беше подобра од селекцијата на Грција со 29:25.

По двата триумфа над Саудиска Арабија, избраниците на селекторот Игор Илиевски прикажаа уште една сигурна партија, овојпат против јужниот сосед, потврдувајќи дека подготовките за претстојното Европско првенство се движат во посакуваната насока.

Континенталниот шампионат ќе се одржи во Романија од 8 до 19 јули, а Македонија ќе настапи во силна група заедно со Данска, Норвешка и Хрватска.

Чупиќ номиниран за најдобар тренер во Лигата на Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот