Фото: Unsplash

Освежителен пијалак што го освои светот — турска лимонада со интензивен вкус и неочекувана состојка

Кога температурите надминуваат 30 степени, многумина бараат ладни пијалаци што брзо освежуваат и ја гасат жедта. Токму затоа оваа лимонада станува сè попопуларен избор во летниот период.

Станува збор за варијација на лимонада која во последно време добива голема популарност ширум светот  и тоа со добра причина. Освен што е едноставна за подготовка, оваа турска лимонада се издвојува по својот богат вкус и силна арома, а во неа се додава и една неочекувана „тајна“ состојка – кората од лимон.

Иако се користат истите основни состојки како кај класичната лимонада, разликата е во начинот на подготовка. Во турската верзија се користи и жолтиот дел од кората на лимонот, каде што се наоѓаат етерични масла кои ѝ даваат посилен мирис и поинтензивен вкус.

Состојки

– 5 непрскани лимони
– 2 чаши шеќер
– 4 литри ладна вода

Подготовка

Лимоните добро се мијат, а потоа се ренда само жолтиот дел од кората, внимавајќи да не се зафати белиот дел, бидејќи тој дава горчина. Ренданата кора се меша со шеќер и се остава да стои 15 до 20 минути, за шеќерот да ги извлече етеричните масла и аромата.

Потоа се цеди сокот од лимоните и се додава во смесата со шеќер и кора. Се преливаат два литра ладна вода, добро се промешува и смесата се става во фрижидер неколку часа за вкусовите да се соединат.

Кога напитокот ќе се излади, се процедува низ густа цедалка или газа, се додаваат уште два литра вода и повторно се промешува. Се служи добро изладена, со коцки мраз, парчиња лимон и по желба листови свежо нане.

Зошто оваа лимонада е посебна?

Кората од лимон игра клучна улога бидејќи содржи големо количество етерични масла кои му даваат на напитокот побогат и поизразен вкус од класичната лимонада направена само од сок.

Сепак, важно е да се внимава при подготовката. Ако се изренда и белиот дел од кората или ако смесата стои предолго, лимонадата може да добие непријатна горчина. Затоа се препорачува да се користи само тенок жолт слој од кората и да се почитува времето на стоење.

Рецепт за бразилска лимонада – егзотичен пијалак од лимета што ќе ве освежи за минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот